Обвинетите во одделни кривично правни настани не го почитувале полицискиот час, па без дозвола се движеле со возила низ Тетово.
Заради стореното кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, за обвинетите Oсновното јавно обвинителство Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози и на судот му предложи да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.