Соопштенија

Двајца жители на Дебар обвинети за непочитување на полицискиот час

Предлози за издавање казнени налози поднесе Основното јавно обвинителство Дебар за две лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Во одделни кривично-правни настани, обвинетите биле затекнати како се движат надвор од своите домови за време полицискиот час, без да поседуваат дозвола за тоа. Со ова тие постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Јавниот обвинител за секој од обвинетите предложи парична казна од 10 до 100 дневни глоби.