Соопштенија

Дванаесет обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје

Предлози за издавање казнени налози поднесе Основното јавно обвинитеслтво Скопје против 12 лица обвинети за Непостапување според здравствените прописи, кривично дело предвидено и казниво согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за веме на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.

Обвинителството му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за сите обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.