Соопштенија

Две лица од Тетово во изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење

По доставените кривични пријави против две лица, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Тетово до Основниот суд-Тетово достави предлог за издавање казнени налози за двете лица. Лицата се обвинети дека сториле кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено и казниво во чл. 206 став 1 од КЗ.

Обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.