Соопштенија

По 50 дневни глоби за четворица штипјани што не го почитувале полицискиот час

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Штип, денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица. На лицата им се става на товар дека не ги почитувале мерките за забрана за движење и во време на полициски час, без дозвола се движеле на различни места во градот, при што сториле кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од чл. 206 став 1 од КЗ.

Обвинителството му предложи на Основниот суд Штип на обвинетите да им биде изречена парична казна во висина од 500 евра во денарска противвредност, односно по 50 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да изнесува 10 евра.