Соопштенија

Две лица во Скопје осомничени за недозволено поседување оружје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражни постапки против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Полициски службеници на 10 ноември извршија претреси во домовите на двете лица.  Првиот осомничен, во својот дом држел полуавтоматско оружје – пиштол марка “Астра” со калибар 6,35 милиметри и пет куршуми за тој пиштол. Вториот осомничен, пак, неовластено држел полуавтоматско кусо оружје – пиштол марка “Глок 17” и 17 куршуми.

Надлежниот јавен обвинител, со цел да го обезбеди присуството на осомничените во текот на постапката, за едниот од нив достави предлог за определување мерка притвор, а за другиот – предлог за определување мерки на претпазливост.