Соопштенија

Еден осомничен за телесна повреда при семејно насилство врз неговата мајка

Против едно 34-годишно лице Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 1 февруари во вечерните часови, по претходна вербална расправија во семејниот дом на улицата „Ѓорги Крапчев“, осомничениот при вршење семејно насилство телесно ја повредил сопствената мајка, нанесувајќи и убод од нож во пределот на абдоменот.

Имајќи предвид дека осомничениот и претходно го имал сторено истото кривично дело за што се водат и други кривични постапки, фактот дека има и други поплаки од неговата мајка и опасноста тој да се даде во бегство, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека не би била соодветна ниту една друга мерка за негово обезбедување во текот на постапката.​