За кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, предвидено во член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Тетово денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице.
Имено, обвинетиот не ја почитувал Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час се движел без да поседува дозвола за тоа.
Обвинителството предлага на обвинетиот Судот да му изрече парична казна од 100 дневни глоби.