Соопштенија

Побарани парични казни за двајца стружани

Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата обвинети се товарат дека не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена  од Владата со цел да се спречи ширење на заразна болест. За време на полицискиот час, едниот се движел на регионалниот пат Струга-Дебар, а другиот бил затекнат на локален пат во селото Велешта.

За секој од обвинетите надлежниот јавен обвинител предложи парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 30 евра во денарска противвредност.