Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 1 февруари, во автомобилот кој го управувал во селото Горно Количани, држел пиштол марка „Црвена застава М 70А“ со калибар 9мм Para, како и две рамки со 15 куршуми за тоа полуавтоматско огнено оружје.
Бидејќи постои опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за опртеделување мерка притвор.