Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.
При претрес во домот на осомничениот биле пронајдени околу три килограми наркотична дрога – марихуана, која неовластено ја произведувал и продавал.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.