Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице, државјанин на Република Албанија, заради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот 25-годишник, на 16 мај во 04:15 часот, за време на полицискиот час, бил затекнат како се движи со коњ во селото Велебрдо од каде се упатил кон местото викано Долно Маало, пред џамија. Притоа бил забележан од полициски службеници од ПО Ростуше.
Освен ова, гостиварското обвинителство денеска за истото кривично дело поднесе предлози за издавање казнени налози против уште 16 лица. Сите биле затекнати како се движат на различни локации за време на полицискиот час, со што ја прекршиле Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. За нив обвинителството предложи парични казни од 100 дневни глоби.