Соопштенија

Гостиварец обвинет за насилство

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 20-годишен гостиварец кој се товари за кривично дело – Насилство според член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

По кратко сообраќајно недоразбирање со друг возач, на 25 април, обвинетиот, заедно со уште две непознати лица, го нападнале оштетениот. Притоа, обвинетиот со метална шипка го удрил оштетениот во задниот дел од главата, со што му нанел телесна повреда – нагмечување и нагмечно-расцепна рана. Откако му била укажана лекарска помош, оштетениот го пријавил настанот во полиција. Со делото обвинетиот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв и кај други присутни лица.​