Соопштенија

Гостиварското обвинителство поведе постапка за уништување електрични инсталации

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Уништување или оштетување јавни инсталации од член 291 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 9 август, управувајќи товарно моторно возило МАН, растоварал огревни дрва пред куќа во село Врапчиште, па зафатил и скинал проводници во сопственост на ЕВН Македонија АД Скопје. Со ова предизвикал прекин на снабдувањето со електрична енергија на околу 30 куќи во селото и значително го нарушил редовниот живот на жителите, додека на ЕВН Македонија и била нанесена штета од околу 20 илјади денари.​