Соопштенија

IN MEMORIAM

По кратко боледување почина Драгољуб Цакиќ, јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Драгољуб Цакиќ беше роден на 16.08.1950 година во с. Доња Лукошница, Лесковац. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1975 година. Во ноември 1984 година е именуван за заменик на општинскиот јавен обвинител во Скопје, а во 1997 година е именуван за заменик на основниот јавен обвинител во Скопје.  Во 2009 година Цакиќ е избран за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, од каде продолжува како јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија во  2010 година.

Во 2012 година Драгољуб Цакиќ беше избран за член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, каде функцијата ја извршуваше се до 2016 година.

Обвинителот Цакиќ во текот на целиот негов работен век се залагаше за развој на обвинителската професија. Зад себе остави трајни спомени и почит во јавното обвинителство, кај неговите колеги и пријатели.