Соопштенија

Истрага против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, 30-годишниот осомничен, на 7 август во домот во кој престојувал на ул. „Киро Крстевски-Платник“ во Скопје, неовластено држел наркотична дрога – марихуана во две полиетиленски кесички со вкупна нето маса од 52,48 грама, зипер кесичка со искршени и соголени гранчиња од растението канабис со вкупна нето маса од 9,34 грама, 13 семки канабис, како и четири парчиња од искршена таблета „Бупренорфин“. При претресот, од страна на овластени службени лица била одземена и една дигитална вага.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постојат околности кои упатуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор.