Соопштенија

Истрага за две лица кај кои беше пронајдена дрога

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Осомничените, албанските државјани на возраст од 21 и 43 години, на  25.07.2019 околу 22.40 часот на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови, во близина на „Ростушко анче“,  во нивното возило „Фолксфаген туарег“ со албански регистарски ознаки превезувале 25 грама наркотична дрога кокаин. Дрогата била пронајдена при претрес од страна на полициски слижбеници, по што лицата биле задржани во полициска станица и за нив по документирање на случајот   поднесена е кривична пријава во Основното јавно обвинителство Гостивар.

Со цел обезбедување на  натамошно непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Гостивар достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.