Соопштенија

Истрага за недозволена трговија со марихуана

Oсновното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице од Скопје на возраст од 46 години за кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот со патнички автомобил неовластено пренесувал наркотична дрога – марихуана во количина од 50.883,3 грама од Република Албанија преку Република Северна Макеоднија кон Република Турција.

На 26 октомври тој отишол во Корча, Република Албанија каде го оставил автомобилот на лица со кои претходно бил договорен и кои во автомобилот сместиле вкупно 67 пакувања марихуана во задниот багажен простор на местото за резервна гума, во резервоарот и во специјално изработени простори под седиштата.

Со вака спакуваната и сместена наркотична дрога, на 1 ноември осомничениот со автомобилот преку граничниот премин Стење влегол во земјава и се движел кон Скопје со намера од таму да замине кон Република Турција.

Но, на наплатна станица Отовица на делницата Велес-Скопје бил сопрен од овластени полициски службеници и при извршен претрес на автомобилот, наркотичната дрога е пронајдена и одземена.

Имајќи предвид дека осомничнеиот е повеќекратен извршител на кривични дела, а издржувал и долгогодишна затворска казна во Република Албанија, Основното јавно обвинителство до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор.