Соопштенија

Истрага за поседување пиштол и муниција без дозвола

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лице осомничено за кривично дело – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Истрагата е отворена бидејќи полициски службеници, при личен преглед на осомничениот на 20 јануари, утврдиле дека тој во појасот од десната страна неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Црвена застава М70“ со калибар од 7,65 мм. Освен тоа, осомничениот кај себе имал и една рамка со осум куршуми муниција за пиштолот.

Со оглед на тоа што утврди дека во конкретниот случај постои опасност од бегство на осомничениот и можност тој да го повтори кривичото дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор.