Соопштенија

Истрага за пронајдена марихуана во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен жител на Слупчане за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 31 јануари, во својот автомобил, осомничениот неовластено заради продажба држел вкупно 31,67 грама наркотична дрога – марихуана, спакувана во повеќе помали пакувања. При извршен преглед на возилото, полициски службеници ја откриле и одзеле дрогата.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основниот суд во Куманово поднесе предлог за определување на мерката притвор против осомничениот, бидејќи постои основан страв дека може да се даде во бегство, но и да го повтори кривичното дело доколку се брани од слобода. Судијата донесе Решение со кое му определи мерка притвор во траење од 30 дена.