Соопштенија

Истрага за пронајдена марихуана во Равен

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишен жител на селото Равен за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Во текот на јануари, осомничениот набавил одредено количество наркотична дрога – марихуана и ја препакувал во помали пакувања, со намера да ја препродаде на зависници. При претрес во неговиот дом, на 29 јануари, полициските сужбеници пронашле 58,74 грама марихуана, како и една дигитална вага со остатоци од дрога.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои што укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка или да го повтори делото.​