Соопштенија

Истражна постапка за едно лице осомничено за полов напад врз дете во Скопје

Основното јавно обвинителство – Скопје издаде Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице, осомничено дека извршило кривично дело – Полов напад врз дете кое не навршило 14 години од чл. 188 ст.1 од Кривичниот законик.

Осомничениот се товари дека на 22.07.2016 година, околу 19:30 часот извршил други полови дејствија врз 11-годишно девојче во гаража во близина на Млечен ресторан во Скопје.

По предлог на надлежен обвинител, судија на претходна постапка на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.