Соопштенија

Италијанец обвинет за употреба на лажен сертификат за негативен ПЦР тест

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 59-годишен италијански државјанин за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 23 април, се обидел да отпатува преку Меѓународниот аеродром Скопје, прикажувајќи лажен сертификат за негативен ПЦР тест на SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија и дека таков документ не му е издаден, тој лажната исправа ја употребил како вистинска пред службените лица на аеродромот.​