Соопштенија

Извршен увид на лице место – две жени лишени од живот во Скопје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во стан на улицата “Рузвелтова” каде, според првичните сознанија, 40-годишен маж ги лишил од живот неговите мајка и баба.

Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите, како и за вештачење на сите траги пронајдени на лице место.