Соопштенија

Извршен увид по пожар во угостителски објект во Охрид

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид изврши увид на лице место во угостителски објект на булеварот “Туристичка”, во склоп на градскиот пазар Охрид, каде рано утрово избувнал пожар.

Опожарен е приватен објект во сопственост на Државниот правобранител Агрон Речи.

Јавниот обвинител издаде насоки за прибирање докази и наредби за вештачења на лице место со цел откривање на причината на пожарот.