Соопштенија

Петмина осомничени за фалсификување пари во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против пет лица, од кои две се осомничени дека сториле продолжено кривично дело –  Фалсификување пари од член 268 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, додека останатите со умисла им помогнале да го извршат делото.

Осомничените, четворица жители на Скопје и една жителка на Крива Паланка, сите на возраст меѓу 19 и 34 години, за сума од 18.000 денари набавиле девет фалсификувани банкноти од по 100 евра од лице од Скопје.

Потоа, во пет наврати во Куманово и еднаш во Крива Паланка, во различни правни субјекти купувале производи и услуги со фалсификуваните банкноти. Набавувале храна, алати, но и изнајмувале соби, со што се стекнале со противправна имотна корист.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничените.