Соопштенија

Јавниот обвинител на Република Македонија беше домаќин на Генералниот обвинител за меѓународна соработка на Кралството Холандија

Денеска, Јавниот обвинител на Република Македонија г. Марко Зврлевски оствари средба со Генералниот обвинител на Кралството Холандија кој го води Секторот за меѓународна, европска и соработка со Карибите, г. Алберт ван ден Керк и со г-ѓа Корнели Бакер, јавен обвинител.

 14455928_1249056885124572_1947956403_o1

Целта на посетата беше зајакнување на соработката помеѓу јавните обвинителства на Република Македонија и на Кралството Холандија. Во таа насока е и соработката која се реализира преку ангажманот на јавниот обвинител г-ѓа Бакер во рамките на ИПА Проектот „Меѓународна соработка во кривичната материја: Јавнообвинителска мрежа на Западен Балкан“.

На средбата беа презентирани системите и начинот на функционирање на двете обвинителства во предмети со меѓународна правна помош , како и натамошните чекори за унапредување на соработката.

14393426_1249057111791216_1701930553_o 1