Интервјуа

Јовески за 24 Анализа: Јавните обвинителства на Република Северна Македонија и на Република Бугарија директно ќе соработуваат за откривање на причините за несреќата

Заради што побрзо завршување на истрагата и утврдување на причините за тешката автобуска несреќа на автопатот „Струма“ во Република Бугарија ги ставивме на располагање сите капацитети на Јавното обвинителство и подготвени сме да помогнеме на секој начин, изјави Јавниот обвинител на Република Северна Македнија  Љубомир Јовески во синоќешното гостување на емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

„Веќе се договоривме дека таа соработка нема да оди по вообичаениот дипломатски пат, туку дека за потребите на истрагата директно ќе разменуваме информации“, рече Јовески. Целосното интервју во видеото подолу: