Соопштенија

Кај тетовец откриена марихуана, донесена наредба за истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 48-годишен тетовец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот на 29 март биле пронајдени неколку различни пакувања со наркотична дрога – марихуана, со вкупна нето маса од 653,6 грама. Дрогата била скриена на различни локации во домот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Со решение на Судот на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​