Соопштенија

Кавадаречкото обвинителство поведе постапка за шест лица кои не го почитувале полицискиот час

Основното јавно обвинителство Кавадарци побара парични казни во висина до 40 дневни глоби, секоја од нив во износ од 20 евра во денарска потиввредност,  за шест лица, жители на Неготино. Тие во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не ги почитувале донесените мерки и одлуки за забрана на движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, па без дозвола се движеле низ Неготино. ​