Соопштенија

Казнени налози за три лица од Свети Николе

Еден од обвинетите, при прогласена епидемија на опасната заразна болест „COVID 19“, не постапил според Одлуката на 26-та седница на Владата на Република Северна Македонија, со која се воведува забрана на движење во временскиот период од 21.00 часот до 05.00 часот која стапи во сила  на 23.03.2020 година, а со цел спречување на ширење на заразната болест и заштита на населениeтo. За време на забраната, ноќта на 25.03.2020 година во 00.20 часот со своето возило се движел по улиците во градот.

Двајца од обвинетите, при прогласена епидемија на опасната заразна болест „COVID 19“ , не постапиле според Одлуката на 26-та седница на Владата со која се воведува забрана на движење на подрачјето на државата во временскиот период од 21.00 часот до 12.00 часот наредниот ден за лица со возраст до 18 години, која стапи во сила  на 24.03.2020 година. Обвинетите во одделни настани заедно со нивните малолетни деца го напуштиле својот дом, биле пресретнати од полициски службеници.

Со овие дејствија обвинетите го сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206  став 1 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Свети Николе до судот ги поднесе предлозите за издавање казнени налози, со предлог за секој од обвинетите судот да изрече парични казни во висина од по 98 дневни глоби , секоја од нив во висина од 20 евра во денарска противвредност.​