Обвинетите во одделни кривично правни настани, се товарат дека за време на полицискиот час, се движеле низ Куманово пеш или со возило. Со тие дејствија не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена како мерка за сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово побара од Судот на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парична казна во износ од по 1000 евра во денарска противвредност.