Настани, Соопштенија

Љупчо Коцевски ја презеде функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и официјално ја презеде должноста од досегашниот вршител на функцијата, јавната обвинителка Соња Симовска.

Коцевски и Симовска одржаа средба на која разговараа за актуелните состојби во Јавното обвинителство и за приоритетните активности во следниот период, во насока на зајакнување на системот за борба против криминалот и корупцијата, јакнење на самостојноста и независноста на јавните обвинители во постапувањето, како и зголемување на отчетноста и транспарентноста на институцијата.