Соопштенија

Малолетник осомничен за разбојништво во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против 16-годишно дете во судир со законот за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво предвидено во член 237 став 1 од Кривичниот законик.

На 13 декември, во близина на битолската Клиничка болница, детето пристапило до еден оштетен и физички го нападнало, удирајќи го по главата и телото и барајќи му пари. Кога оштетениот рекол дека нема пари, детето го соборило на асфалтот и продолжило да го удира со клоци по телото, а потоа му ги пребарало џебовите од каде одзело паричник со 1.500 денари, банкарски картички и лични документи.

Јавниот обвинител до Судијата за деца достави предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.