Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 25-годишен скопјанец, во неговиот дом во Ѓорче Петров неовластено заради продажба држел опојна дрога – марихуана со вкупна нето маса од 129,51 грама. При претресот била пронајдена и една дигитална вага, како и остатоци од амфетамин и кокаин. Овластените полициски службеници во неговиот дом пронашле и одзеле и 15 куршуми кои се изведени со оловен проектил со калибар 22LR, како и еден куршум со калибар 7,65 мм.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и на можност осомничениот да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд достави и Предлог за определување мерка притвор.