Соопштенија

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп врши увид на лице место по падот на параглајдеристот

Денес, во местото викано Тумба во атарот на селото Врбовец – крушевско се случи несреќа во која животот го загуби едно лице (55) од Израел.
Лицето управувало параглајдер и како последица на пад од истиот починало на лице место. Со Наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп во моментот се уште врши увид на местото на настанот.