Соопштенија

Наредба за спроведување истрага за чуварот на затворот во Штип

Постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истрага против едно лице осомничено за кривично дело – Примање поткуп по член 357 ст. 1 од Кривичниот законик.

Лицето вработено како чувар во КПД Затвор – Штип примило парични средства во износ од 150 евра за да внесе мобилен телефон во затворот и истиот да го предаде на еден од затворениците.

Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските услови, до Судијата на претходна постапка при Основниот суд – Штип достави предлог за определување на мерка – притвор, кој предлог беше прифатен од страна на судијата и со Решение на осомничениот  му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.