Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека сторило продолжени кривични дела – Противправно лишување од слобода од чл.140 ст.2 вв ст.1 вв со чл. 45 и Телесна повреда од чл.130 ст.2 вв ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, во периодот од 10.10.2021 година до 12.03.2022 година, при вршење семејно насилство, во два наврати и ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил оштетената со која живеел во вонбрачна заедница. Физички ја напаѓал оштетената, удирајќи ја со тупаници по главата и телото и нанесувајќи и телесни повреди, а потоа и забранувал со денови да го напушта заедничкиот дом.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје заедно со поднесеното обвинение достави и предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице.