Соопштенија

Обвинение за бесправно изградени бунгалови во Маврово

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две физички и едно правно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик.

Обвинетите, татко и ќерка, државјани на Република Косово, како и правното лице во кое управител била ќерката, во периодот од 10.07.2021 до 20.09.2021 година, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, започнале да градат осум бунгалови во селото Леуново, општина Маврово и Ростуше. Објектите  – цврста градба, на околу 200-300 метри од езерото, биле евидентирани при извршена контрола од градежен инспектор, при што инвеститорите добиле наредба да запрат со градежните активности. И покрај ова, тие продолжиле да ги градат објектите спротивно на закон.​