Соопштенија

Обвинение за насилство

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две лица кои го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Настанот за кој се товарат обвинетите се случил на 24 ноември 2019 година, кога тие заедно телесно повредиле едно лице и извршиле грубо насилство.  Откако оштетениот со своето семејство со возило пристигнал до полициска станица да пријави настан, првообвинетиот го удрил  со француски клуч, а второобвинетиот со тврд предмет во пределот на главата. На настанот присуствувале повеќе лица, кај кои од стореното кривично дело било предизвикано чувство на несигурност, загрозување и страв.