Соопштенија

Обвинение за неовластено држење оружје

По спроведување на истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против 38-годишен скопјанец кој го сторил кривичното дело –  Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Во домот на обвинетиот на улица „Дижонска“ во Скопје, на 26 јуни 2020 година, при вршење на претрес пронајдено е оружје – револвер ZASTAVA, калибар 357 Magnum и 6 куршуми. Огненото оружје, кое обвинетиот неовластено го држел, е одземено од овластените службени лица.

Со поднесување на Обвинителниот акт, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје  достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот,  поради опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.