По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот 53-годишен жител на селото Дебреше, на 8 април годинава, се движел во својата нива во атарот на селото, носејќи огнено оружје во пределот на појасот – пиштол и 12 куршуми со калибар 9мм Para, за кои немал соодветна дозвола за поседување. Оружјето и муницијата ги пронашле полициски службеници, при личен преглед на обвинетиот.