Соопштенија

Обвинение за поседување на речиси 20 килограми марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 43 – годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 21 јануари, во патничко возило Шкода фабиа, на паркинг простор на улицата „Јадранска магистрала“, неовластено заради продажба држел 19,98 килограми наркотична дрога марихуана спакувана во две најлонски црни вреќи. При претрес на автомобилот, полициски службеници ја пронашле и одзеле дрогата.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, ценејќи дека постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото кое му се става на товар.​