Соопштенија

Обвинение за поседување наркотична дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека ги сторило кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

На 15 јануари, во куќа во сопственост на таткото на 48-годишниот обвинет во Сингелиќ, биле пронајдени 14 килограми и 131 грам марихуана спакувани во 39 пакувања, како и 4 литри хашиш масло. Освен ова, полициските службеници при претресот пронашле и еден пиштол марка „Црвена застава“ со калибар 9мм Para, две рамки и вкупно 57 куршуми од истиот калибар.

Надлежниот јавен обвинител достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи постои реална опасност тој да се даде во бегство и можност да го повтори делото.​