Соопштенија

Обвинение за поседување оружје во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 30-годишник, на 30 октомври, во неговиот дом на улица „Методија Андонов Ченто“, неовластено држел пиштол V.BERNADELLI GARDONE V.T. со калибар 7,65 мм, со механички отстранет сериски број. При претресот кај него била пронајдена и рамка со седум куршуми за тој пиштол.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, како и на мерката за привремено одземање на патната исправа, со цел да се обезбеди присуството на обвинетиот во текот на постапката против него.