Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против жител на Неготино на возраст од 24 години поради сторено кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 од Кривичниот законик.
На обвинетиот му се става на товар дека на 26.12.2019 година околу 08.00 часот со маска на глaвата влегол од споредниот заден влез во казино во Неготино. Притоа со нож се заканил на оштетениот – вработен, барајќи да му бидат дадени парите од казиното. Оштетениот се исплашил и покажал кон касата каде се наоѓале парите, при што обвинетиот ја отворил касата и ги зел парите во износ од 324.700 денари.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес оцени дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе се даде во бегство, ќе го повтори кривичното дело и дека може да влијае врз сведоците, па до Основниот суд Велес заедно со обвинението достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице.