Соопштенија

Обвинети 25 лица во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп  поведе постапка за вкупно 25 лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

За обвинетите за одделни кривично правни настани, во периодот од 23.04.2020 до 28.04.2020 година, обвинителството поднесе  предлози  за издавање казнени налози до Основните судови во Прилеп и Крушево, заради непочитување на мерките на Владата за спречување на Ковид-19, односно заради прекршување на полицискиот час.

За секој од обвинетите, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби со вредност на глобата од 20 евра во денарска противвредност.