Соопштенија

Обвинителен акт против три лица за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против три лица – членови на криминална група. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 од Кривичниот законик.

Четиричлената група организирала влез на 100 килограми наркотична дрога- марихуана од Република Албанија и истата ја чувале во Скопје, во домот на еден од обвинетите. Дрогата била наменета за нарко пазарот во Република Турција до каде требала илегално да биде пренесена.

Во текот на постапката еден од обвинетите постигна спогодба со надлежниот јавен обвинител и е осуден на казна затвор во траење од четири години и два месеци.