Јавниот обвинител на Република Македонија вчера одржа состанок со делегација на Европската комисија за ефикасност на правдата – СЕРЕЈ, предводена од Рамин Гурбанов, заменик претседател на СЕРЕЈ.
Цел на посетата во Јавното обвинителство на Република Македонија беше помошта која ја обезбедува СЕРЕЈ во анализирањето на состојбите и поддршката на правосудните институции од државата во сферата на правосудната статистика.
Јовески даде краток осврт на активностите во областа на статистиката на јавното обвинителство, извештаите и информатичката технологија. Фокус на разговорот беше подобрувањето на информатичките системи за управување со предметите и зајакнување на човечките капацитети во обвинителствата.
Пред Јавниот обвинител на Република Македонија беше презентирано истражувањето од Советот на Европа за функционирањето на правосудните системи. Подготвениот извештај од СЕРЕЈ, беше истакнато, е добра основа за натамошно креирање на политиките и преземањето на мерките во правосудството, како и во предлагањето соодветни реформи за подобрување на ефикасноста на правдата.