Соопштенија

ОЈО Штип постапува по известување за опожарено возило на медиумски работник

Основното јавно обвинителство Штип постапува и издава наредби и насоки за расчистување на случајот со опожарено возило на медиумски работник – уредник на локална телевизија.

Наредбите се да се извршат соодветни вештачења со кои ќе се утврдат причините за пожарот и идентификација на можен сторител на евентуално кривично дело. По наредбите и насоките постапува Министерството за внатрешни работи и вешто лице од Дирекцијата за заштита и спасување.

Дополнително, дадени се насоки да се изврши проверка дали постојат евентуални снимки од видео надзор на подрачјето каде е опожарено возилото.